Австралија опен забрани руски и белоруски знамиња
Организаторите на Австралија опен воведоа денеска забрана за истакнување руски и белоруски државни знамиња на трибините за време на натпреварите на првиот годинешен грен – слем турнир во Мелбурн.
Одлуката доаѓа откако на натпреварот меѓу руската тенисерка Камила Ракимова и Катерина Баиндл од Украина на трибините беше истакнато знамето на Русија по што уследи протест од украинскиот амбасадор во Австралија, Васил Мирошниченко.
„Нашата почетна политика беше навивачите да смеат да внесат знамиња, но не можат да го користат за нарушување на текот на натпреварувањето“, соопшти по повод забраната Тениската федерација на Австралија.
Руските и белоруските тенисери можат да настапуваат на турнирите во Австралија како „неутрални“ спортисти, што подразбира дека нивната националност не е наведена во официјалните записници, а знамињата на нивните држави не се прикажани ниту на телевизиската графика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…