Австралија ќе ја признае Палестинската држва во септември
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Ентони Албанезе – и тоа официјално за време на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември.
На тој начин, Австралија им се придружува на Франција, Велика Британија и Канада, кои исто така објавија слична намера.
Признавањето е „врз основа на обврските што ги презеде Палестинската власт кон Австралија“, рече Албанезе. Овие обврски вклучуваат исклучување на Хамас од палестинската влада, демилитаризација на Газа и одржување избори, додаде тој.
„Решението со две држави е најдобрата надеж на човештвото да го прекине циклусот на насилство на Блискиот Исток и да го прекине конфликтот, страдањето и гладот во Газа“, рече Албанезе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…
Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…
САД, Британија и Австралија развиваат подводни дронови…
Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Австралија…
САД, Велика Британија и Австралија развиваат беспилотни…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска…
Вонредно слетување на авион: Патник гризна член…
Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го…
(Видео) Жена си најде змија врз клима…
Ловец на змии во Квинсленд, Австралија, бил…