Објавено на:

Австрискиот канцелар ќе ги посети Киев и Буча, планирана е и средба со Зеленски

t

Австрискиот канцелар Карл Нехамер отпатува за Украина и утре ќе престојува во Киев и Буча, кои станаа симбол на ужасите на руската агресија врз Украина, соопшти неговиот кабинет.

„Карл Нехамер вечерва отпатува за Украина. Планирана е посета на Буча“, соопштија од кабинетот на канцеларот.

Буча е град северозападно од Киев, каде минатиот викенд беа откриени десетици тела во цивилна облека, по повлекувањето на руските војници. Москва решително негираше вмешаност, осудувајќи ја „драмата во режија на Украина, која има за цел да го наруши угледот на нејзините војници“.

Средба со Зеленски

Нехамер утре ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по што ќе одржи прес-конференција и ќе разговара со премиерот Денис Шмихал.

Предвидено е тој да се сретне и со градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, а во текот на вечерта да се врати во Австрија.

„Важно е, во рамките на нашата неутралност, да ја поддржуваме Украина на хуманитарно и политичко ниво“, рече Нехамер.

Австрија е членка на Европската унија, но не и во НАТО. Таа ја осуди инвазијата на Украина и изрази солидарност со Киев.

„Во Украина се води страшна агресивна војна против цивилното население. Сторителите на овие злосторства мора да одговараат“, заклучи австрискиот канцелар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се…

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Откажана е средбата на Зеленски, Виткоф и…

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и…

Зеленски и Трамп би можеле да се…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател…

Кремљ се надева на уште една средба…

Кремљ денеска соопшти дека се надева на…