Австрискиот МНР: Се надевам дека Косово наскоро ќе добие визна либерализација
Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг изрази оптимизам дека во блиска иднина ќе се случи либерализација на визите за граѓаните на Косово, пренесува Теве1.
Шаленберг, по средбата што ја имаше во Виена со министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, рече дека Австрија секогаш го поддржувала Косово, дури и пред војната на Косово.
„Сите балкански земји припаѓаат на ЕУ. Се надевам дека за кратко време ќе има визна либерализација за Косово“, рече тој и додаде дека се надева дека ќе има подготвеност за компромис за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. .
Гервала се заблагодари на Австрија за поддршката на Косово.
„Повеќе од 90 отсто од жителите на Косово го поддржуваат патот кон ЕУ и НАТО, ние сме Европејци. Австрија е добредојдена во Косово, би сакала да ве поканам да дојдете и да инвестирате во Косово“, рече таа.
Гервала изјави дека имало обиди да се продолжи со регулирање на односите и постигнување договор со Србија, но дека тоа не функционирало. Според неа, Србија упатила закани до Косово.
„Србија ја приближи својата војска до границата. Рускиот амбасадор беше и на границата и ја посети српската војска, оваа ситуација беше надмината со помош на НАТО“, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Дали поранешен советник на Заев е вмешан…
Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…
Курти: Секој километар пат што нè зближува…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…