Објавено на:

Австрија подигна „Еурофајтери“ поради американски воени авиони кои влегле без дозвола

t

Австриското воено воздухопловство два дена по ред било принудено да ги подигне борбените авиони „Еурофајтер“, откако американски воени летала без дозвола влегле во воздушниот простор на земјата, која има статус на неутрална држава.

Според информации од австриската армија, за кои пренесуваат странски медиуми, инцидентите се случиле во неделата и понеделникот, а се очекува случајот да биде расчистен по дипломатски пат.

Во првиот инцидент, два помали американски авиони од типот PC-12/U-28A летале над подрачјето Тотес Гебирге во Горна Австрија без потребни дозволи за прелет. По реакцијата на австриските „Еурофајтери“, американските летала се свртеле и се вратиле кон Минхен.

Слична ситуација се повторила и следниот ден, кога повторно биле забележани два американски авиони во австрискиот воздушен простор, по што австриското воено воздухопловство повторно реагирало со подигање на борбени авиони.

Воениот портпарол на Австрија, Мајкл Бауер, изјавил дека за вториот случај сè уште се проверува дали авионите имале соодветни дозволи за лет.

Австриската армија засега не соопштува какви мерки ќе следуваат, но е потврдено дека случајот ќе биде обработен преку дипломатски канали.

Американските авиони од типот PC-12, кои ги произведува швајцарската компанија Pilatus, најчесто се користат за извидување, надзор и специјални мисии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…

ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…

САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…

Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…

„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…

Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…

СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…

Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…