Австрија: Условите на ЕУ за Украина мора да важат и за Западен Балкан
Австрискиот канцелар Карл Нехамер во пресрет на денешниот Самит на ЕУ изјави дека условите за пристапување на Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан.
Обраќајќи им се на пратениците во австрискиот парламент, тој најави дека Австрија ќе се залага за тоа на ниво на ЕУ.
Нехамер и министерката за европски прашања Каролина Едштадлер истакнаа дека статусот на кандидат за Украина не може да се поистоветува со преговорите за членство во ЕУ.
Нехамер рече дека со давањето статус на кандидат на Украина и на Молдавија, во ЕУ се воведува нова процедура, во која статусот на кандидат се добива уште пред исполнувањето на критериумите на Унијата. „Ова мора да важи и за другите земји кандидати од Западен Балкан, особено БиХ“, рече тој.
Тој изјави дека се неопходни „јасни сигнали“ за Македонија и Албанија.
Нехамер рече дека поради историската поврзаност и големата дијаспора, Австрија има посебна одговорност за Западен Балкан. „Не е разбирливо што на БиХ не и е даден кандидатски статус“, рече Едштадлер.
Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) истакна дека ги поддржува напорите на канцеларката сите земји да бидат подеднакво третирани во процесот на пристапување во ЕУ.
Пратеникот Алојз Штегер рече дека руската агресија ја забрзува пристапната перспектива на Украина, но дека тоа не смее да доведе до поделби во Европа. И Јакоб Шварц од Партијата на зелените го поздрави доделувањето кандидатски статус на Украина.
Од друга страна, пратеничката на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Петра Штегер оцени дека постапките на ЕУ се „превртување на критериумите“ и дека тоа е неодговорно прилагодување на правилата на ЕУ.
Таа рече дека постапката не ги исполнува критериумите од Копенхаген и дека Украина не може да ги исполни условите за пристап во наредните години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…