Австрија: Хрватска, Бугарија и Романија не се подготвени за влез во Шенген-зоната

t

Австриското Министерство за внатрешни работи соопшти дека земјата се противи на укинување на проверките на границите на Бугарија, Хрватска и Романија, кои се членки на ЕУ, јави ДПА, повикувајќи се на весникот Курир.

Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, неделава и официјално предложи трите земји да се вклучат во безвизната европска Шенген зона, во која нема гранични проверки.

Сега, кога системот на надворешни граници не функционира, не е добро време да се гласа за проширување на Шенген зоната, изјави за весникот Курир австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, кој доаѓа од конзервативната Австриска народна партија.

Австрија во моментов се соочува со зголемен број бегалци, кои пристигнуваат низ други земји на ЕУ по таканаречената „Балканска маршрута“ за влез во земјава. Според податоците на австриското МВР, од почетокот на годинава до австриската граница стигнале над 90.000 лица. Од нив, 75.000 не биле претходно регистрирани во ниту една друга земја на ЕУ.

Гласањето за пристапување на трите земји во Шенген зоната е закажано за 8 декември. Одлуката мора да биде донесена едногласно.

Во Шенген зоната, која обединува 26 земји, во голема мера нема гранични проверки, а тоа им овозможува на луѓето да патуваат, работат и живеат во друга земја без визи или дозволи.

Бугарија, Романија, Хрватска, Ирска и Кипар се единствените земји од ЕУ кои не се дел од Шенген зоната, додека во зоната се земји кои не се членки на ЕУ, како Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…

Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…

Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…