Австрија ќе им даде по 1000 евра помош на сите Сиријци кои ќе сакаат да се вратат во татковината

t

Австриското министерство за знатрешни работи, ќе им помогне на сите Сиријци кои ќе сакаат да се вратат во своите домови. Федералната агенција предлага да им се додели помош по 1000 евра на секој кој ќе сака да се врати во Сирија.

Покрај тоа, на луѓето кои ќе сакаат да ја напуштат Австрија, ќе им се нуди поддршка во организирањето на нивното патување во матичната земја доколку е потребно во набавка на потребните документи.

Исто така им се нуди постојано советување на оние кои сакаат да добијат повеќе информации и помош при нивното враќање, како и кампањи за дополнително охрабрување на луѓето да се вратат дома. Таквата кампања започна по падот на Башар ал Асад во Сирија.

Неодамна министерот за внатрешни работи Герхард Карнер најави дека ќе им понуди поддршка на луѓето кои сакаат да се вратат дома, па дури зборуваше и за организирање на летови. Следниот чекор ќе биде да се отстранат оние со криминално досие, оние кои не сакаат да се интегрираат или да работат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…