Автобусите пак доцнат по 40 минути

t

И кога ќе помислиш дека колку-толку се нормализирала состојбата со јавниот градски превоз во Скопје, се паѓа во вода. Декември, не може да биде како август кога може да се почека повеќе. Сега, велат граѓаните температурата тоа не го дозволува. Па така, скопјани се принудени да чекаат и по 40 минути, па и еден час на автобуските станици, па откако нема да дојде автобусот што го чекаат, се качуваат во првиот што ќе наиде за некако да стигнат онаму каде што се упатиле.

Една повозрасна граѓанка од скопско Црниче, за „Експрес“ раскажува дека утринава, поради доцнење на автобусите, не можела ништо да заврши работа. Споделувајќи фотографии до нашата редакција, граѓаните реагираат дека имало и автобуси кои воопшто не застанале на автобуските постојки. Патниците се снаоѓале кој како знае за да се симнат од преполниот автобус.

– Дали имате чувство да се реши проблемот и по толку натегања со градската власт, да не може да ги средите работиве?! Има ли некој да одговори?! – прашуваат граѓаните.

Претходно, скопјани повторно се соочија со сериозен недостиг на автобуси на градските линии. Триесетина од автобусите на ЈСП, кои користат метан како гориво, не беа во функција неколку дена поради неможноста на претпријатието да го плати долгот кон добавувачот на гориво. Сметката на ЈСП е на „стаклени нозе“, а директорот Драги Кушовски ретко одговара на телефон, а уште поретко дава изјави за медиумите.

Не беа покуси и приватните превозници кои ги исклучија своите автобуси од сообраќај во знак на револт откако и на една од седниците на Град Скопје не беше разгледната нивното барање за зголемување на платите. Сега и тие се во сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патник приведен пред лет од Скопје –…

Седум парчиња муниција биле пронајдени во рачниот…

Пругата Бељаковце-Крива Паланка е со реализација од…

Бележиме засилени градежни активности на изградбата на…

Саудиска Арабија доби воена помош од Пакистан

По ескалацијата на конфликтот во Јемен, Пакистан…

Би-Би-Си: Можеби доаѓа војна, дали сме психолошки…

Британската влада сака граѓаните да почнат да…

Ова се цените на горивата во Европа,…

Европските влади дискутираат за воведување на данок…