Автомобили завршија во море поради обилните врнежи на Сицилија

t

Автомобилите беа однесени од поројна вода во близина на градот Рипостo на источниот брег, соопшти локалната противпожарна служба. Според првичните извештаи нема повредени, а станува збор само за паркирани автомобили.

На Сицилија веќе неколку дена врне силен дожд. Пожарникарите мораа да бидат повикани неколку пати за да ги извлечат луѓето од нивните домови на безбедно. Во Рипостo успеале да спасат четворица станари од стан на приземје кој бил речиси под вода.

Итната помош ослободила и неколку возачи кои не можеле да излезат од возилата без помош. Аматерските видеа покажуваат возила речиси целосно потопени во кал.

Многу реки на островот Сицилија, каде живеат речиси 5 милиони луѓе, се излеаја од коритата и ги покрија улиците со порои од вода.

Италија веќе доживеа неколку бури во последните месеци, особено во северните региони како Емилија-Ромања и Ломбардија. Југот на копното и островот Сицилија претрпеа екстремни горештини во текот на летото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски изврши ажурирање во ВМРО-ДПМНЕ Карпош: Таму…

Вечерва премиерот Христијан Мицкоски беше во посета…

Eкстремната десница победува во Шпанија

Шпанија се движи кон промена на власта,…

(Видео) Ѓорѓиевски видео од Скопје: Нема поголема…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави…

Агресивно се однесувал кон членовите на неговото…

На 28.11.2026 во гевгелиско село, полициски службеници…

Во Кочани засадени лалиња во чест на…

Во симболична акција денеска во Алејата на…