Автомобил излета од автопатот Скопје -Велес: Пет лица повредени, меѓу нив и дете..
Пет лица, од кои две потешко се повредени во тешка сообраќајна несреќа која попладнево се случила на автопатот Скопје-Велес.
Од СВР Велес потврдуваат дека околу 18 часот кај нив било пријавено дека автомобил „Алфа Ромео” со велешки регистарски ознаки, управуван од Х.А (38) од село Долно Јаболчиште излетал надвор од автопатот.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Џ.А (36) и Џ.А (68) исто така од село Д.Јаболчиште констатирани во комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје, а со телесни повреди се здобиле К.С (20), В.С (48) и едно малолетно лице од село Горно Јаболчиште, констатирани во ЈЗУ ОБ Велес, изјави за Курир портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…