Објавено на:

Автомобил паднал во река кај Пожега, возачот исчезнал

t

Во Хрватска пред два дена се случи несекојдневна сообраќајна несреќа на подрачјето на ПП Пожега-Славонска, недалеку од Пожега. Возачот на автомобилот паднал во реката. Сопатникот е пронајден, но од возачот нема трага. Потрагата се уште трае, пренесуваат хрватските медиуми.

„Во недела на 27 август по сообраќајната несреќа во која 37-годишниот возач не беше пронајден на местото на настанот, извршен е претрес на околу 80 хектари поширок простор. Вчера во соработка со ХГСС и пожарникарите, полицијата изврши увид на вкупно 450 хектари простор по течението на Величанка и околината на Михаљевци“соопшти хрватската полиција.

По извршениот увид на наведениот простор, 37-годишниот маж не бил пронајден на тој простор, а покрај наведеното се преземаат и други натамошни мерки за пребарување.

„Во спроведувањето на горенаведените мерки со употреба на дронови и две кучиња трагачи беа вклучени вкупно 40 полицајци, 30 пожарникари, 22 припадници на ГССС“, соопшти хрватското МВР.

Од полицијата најпрвин пишуваа дека возачот откако ја предизвикал сообраќајната незгода го напуштил местото на настанот и дека освен што ја предизвикал несреќата, поднесена е и кривична пријава за неукажување помош.

Сопатникот кој бил со него во автомобилот се уште е во болница. Тој има тешки физички повреди, но неговиот живот е надвор од животна опасност.

„Тој е хоспитализиран на одделот за траума, неговата состојба е стабилна, но неговиот живот е надвор од животна опасност“, изјави докторот и додаде дека од почетокот е свесен и е во добра општа состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) За влакно избегната трагедија: Жена излетала…

За влакно избегната трагедија откако млада жена…

Четворица албански пратеници ќе бидат казнети за…

Комисијата за етика на по 10 дена…

Автомобил паднал во река кај Пожега, возачот…

Во Хрватска пред два дена се случи…

Автомобил удри во електричен тротинет кај Бит…

Сообраќајна несреќа се случи кај Бит пазар.…

Автомобил изгоре ноќеска кај Бит-пазар

Автомобил, сопственост на жител на Скопје, вчеравечер…