Автомобил удри во ограда и се преврте во близина на Струмица, патниците во болница
Автомобил се преврте во близина на клучката Миравци кај Струмица, а лицата кои се превезувале се префрлени во болница каде им се укажува лекарска помош поради повреди. Според првичните информации од МВР, до несреќата дошло откако возачот изгубил контрола и удрил во ограда.
„Во СВР Струмица е пријавено дека на автопатот А1 после тунелите кон клучка Миравци, патничко возило „цитроен Ц5“ со босански национални ознаки, излегло од коловозот, удрило во заштитната ограда и се превртело на патот. Лицата од возилото се пренесени во медицинска установа, но досега не се пријавени констатирани повреди“, велат од МВР.
Увидот е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…