Агелер до Мицкоски: Нека им каже на гласачите кој е неговиот план, треба да ја донесе вистинската одлука која ќе ја придвижи Македонија кон Европската Унија

t

„Ве молиме, донесете ја вистинската одлука за придвижување на оваа земја напред кон нејзините европски аспирации. И Мицковски ќе ви потврди дека го имав истиот разговор со него”. Ова е пораката од американската амбасадорка во Анџела Агелер во интервју за ТВ 24, во кое таа дава коментар за преизборниот процес, како и за работата на техничката влада.

„Ќе продолжиме да работиме на тоа, а каков ефект ќе има тоа, колку време техничката влада ќе трае е нешто за кое не би сакала да шпекулирам. Се надевам дека за луѓето на оваа држава и за доброто на оваа земја, дека после 9 мај ќе има јасно решение, власта и владејачката структура на земјата да можат да продолжат напред. Но, не можам да шпекулирам што всушност ќе се случи“, рече Агелер.

На прашањето дали ќе побара од Мицкоски да го види планот за односите со Бугарија кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го изложат во предизборната програма, Агелер вели дека ако тој сака да го сподели со неа, таа со задоволство би го видела, но смета дека е многу поважно за гласачите и за граѓаните на оваа држава да го слушнат и да го видат тој план.

„Важно е да ги видат и деталите за секој план кој би ги решил тековните проблеми со другите земји, со предизвиците на земјата. Се надевам дека гласачите во земјата бараат од сите кандидати многу јасно да разберат кои се нивните планови за во иднина и како се надеваат дека ќе ги спреведат“,вели амбасадорката Агелер.

Според Агелер, партерството меѓу САД и Македонија ќе продолжи, иако би биле разочарани ако не се донесат уставните измени.

„Нашите односи, нашето партнерство е стратешко партнерство со оваа земја и не зависи од тоа. Дали ќе бидеме разочарани? Апсолутно. Но, партнерството што го имаме со Македонија е нешто што трае од независноста на земјата и тоа ќе продолжи. Вие сте НАТО сојузник. А тоа не се менува, па затоа оваа врска е силна. Ви ветувам дека ќе направиме се што е во наша моќ овде во Амбасадата на САД, секој ден, да и помогнеме на земјата да ги исполни своите европски аспирации“,рече американската амбасадорка во земјава.

На прашањето како очекува да функционира техничката Влада, Агелер рече дека очекува секоја Влада да работи во полза на своите граѓани.

„Да, беше разочарувачки што ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Владата. Но, сепак поставија свои министри на соодветните места, како и заменик-министри во другите министерства, така што се надевам дека техничката влада ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните на оваа земја. Досега покажаа дека ќе го сторат тоа. Се надевам дека ќе продолжат“,
рече Агелер.

Фер е граѓаните да побараат од ВМРО-ДПМНЕ да понуди нон-пејпер во кој ќе ја објасни визијата за патот напред – порача неодамна од Скопје помошник-државниот секретар на САД, Џејмс О‘Брајан, одговарајќи на новинарско прашање – дали се точни информациите дека меѓународниот фактор притиска да биде потпишан нон-пејпер на политичките партии на Албанците со кој ќе се обврзат да не коалицираат со партија која шест месеци по изборите нема да спроведе уставни измени.

„Ми кажаа дека ќе ме прашаат за нон-пејпер. Не знам за нон-пејпер и би сакал да се задржам на она што го кажав во ноември кога бев во Скопје, како и денеска. Сметаме дека граѓаните на Македонија треба да решат за патот за напредок. Мислам дека една партија (СДСМ, н.з.) даде предлог за напредок и трпи критики затоа што некои луѓе го сакаат или не го сакаат. Друга партија (ВМРО-ДПМНЕ, н.з.) ветува дека ќе изнајде начин за патот напред и мислам дека можеби е фер граѓаните да побараат од таа партија да понуди нон-пејпер во кој ќе објасни која е нејзината визија и потоа ќе можете да решите меѓу визијата која ја знаете и нешто што е ветување“, рече О‘Брајан.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека партијата секогаш била проевропски ориентирана, а во однос на главното прашање со Бугарија, има прецизни решенија кои ќе бидат дел од изборната програма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин им го честиташе на Русите Денот…

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин им…

Новиот состав на Собранието треба да се…

Мандатот на новиот собраниски состав што беше…

Пленковиќ ја честиташе победата на Мицкоски и…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на социјалната мрежа…

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали Македонија…

Шефот на бугарската држава Румен Радев смета…

Ова е тоа „има и полошо“? Инфлацијата…

– Цените во Аргентина пораснаа толку драматично…