Агелер: Коридорот 8 е инвестиција во иднината на Македонија

t

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска на свечената церемонија на поставување камен-темелник на проектот Коридор 8 во своето обраќање пред присутните истакна дека ова е посебен ден за Македонија, за Западен Балкан и за цела Европа, но и многу голем ден за САД и за американскиот бизнис во земјава.

Агелер, која присуствуваше на поставувањето камен-темелникот на Коридорот 8, со што се означи почетокот на изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан нагласи дека подобрувањето на патиштата во Македонија е од витално значење за економскиот развој.

-Ова е инвестиција во иднината на Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко. Подобрувањето на патиштата во Македонија е од исклучително значење за економскиот развој. Развојот на оваа модерна патна мрежа ќе помогне да се движат луѓето, да се движат стоките и да се привлечат инвестиции. Добрите транспортни рути како Коридор 8 ќе и помогнат на Македонија да ја подобри својата регионална интеграција и да изгради подобри односи со своите соседи, рече Агелер.

Таа нагласи дека ова е повеќе од една обична инвестиција во патиштата во Македонија, потенцирајќи дека станува збор за инвестиција во иднината на земјава, но и на сите држави поврзани со Коридорот 8 и пошироко.

Агелер изрази благодарност до Владата на Република Македонија, до претставници на „Бехтел и Енка“ и на целите тимови за нивните напори за отпочнување на овој проект.

Американската амбасадорка изрази уверување дека работите ќе се движат брзо и успешно при изградбата на оваа, како што рече, современа патна мрежа, која ќе доведе до зближување на луѓето од регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре задолжителна зимска опрема за сите…

Од утре, 15 ноември, стапува во сила…

ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…

Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…