Агелер: Не може политичари да им се јавуваат на судии!

t

Анџела Агелер, амбасадорката на САД во Скопје, во денешното продолжение од интервјуто за МИА, на прашање за тоа длаи може да открие детали од фамозното писмо испратено ди Судскиот совет и другите институции, вели дека не смее да се случува во правосудството поранешни политичари да се јавуваат на телефони кај судиите и да се поставуваат неквалификувани кадри.

„Сум повторила повеќе пати, САД има обезбедено повеќе од една милијарда долари за земјата во последните 30 години, наменети за невоена помош, вклучително и за проекти и активности поврзани со медиумите. Повеќе од половина од таа милијарда била наменета за поддршка на владеење на правото и добро владеење, вклучително и за правосудството. Според нашите проценки, околу 80 проценти од обвинителите и судиите во оваа земја учествувале во една од нашите програми. 

Кога гледаме на тоа како инвестиција, тогаш повратот на таа инвестиција не е соодветен. Доколку продолжиме да инвестираме во правосудниот сектор на земјата, би сакале да видиме дека има разлика, дека постои интегритет и систем, бидејќи повторно се сведува на граѓаните на оваа земја, кои заслужуваат правосудство во кое го разбираат процесот, разбираат што се случува и дека не се работи само за ненадејно донесување на одлука некој да биде поставен на позиција за која е целосно неквалификуван без никакво објаснување. Се надевам и ова го посочив во писмото и во рамките на многу јавни разговори, дека јас и тимот од Амбасадата стоиме на располагање за разговори околу овие процеси, со цел она што го инвестираме во оваа земја да им помогне на луѓето во државата и дека нема да се случи поранешни политичари да креваат телефонот за да се донесе одлука за одреден предмет во нивна корист“, одговори Агелер на едно од прашањата.

Таа се осврна и на т.н.„црна листа“ која беше најавувана од минатата година, а за која вели дека САД може да објави само имиња, додека Македонците се тие кои треба да го променат системот.

„Накратко, дали е црната листа доволна – не. Не е доволна бидејќи на крајот од денот, дури и ако САД одреди дека некој е корумпиран актер, корумпиран службеник, ѝ нанесува штета на демократијата или општеството преку своите незаконски активности, ние можеме да ги прозиваме, но не можеме да ги апсиме. Така, можеме да кажеме, САД нема да дозволат веќе да влезете во нашата земја и можеме да наметнеме одредени финансиски или други санкции. Откако премиерот и министерот за надворешни работи заминаа од Вашингтон имав низа интерни состаноци за да разговараме каде сме во однос на прашањата поврзани со санкциите. 

Дали нечие име, само по себе ќе го промени тоа однесување – не нужно. Но тука повторно стапува на сцена улогата на граѓанинот на оваа земја, поединецот кој е уморен да гледа како луѓето користат од незаконските структури и незаконските активности и од нив да се бара одговорност. Се надевам дека може да помогнеме во тоа преку прозивање, бидејќи тоа мораме да го правиме согласно закон. Тоа е многу конкретен процес, но исто така се надеваме дека граѓаните на оваа земја исто така ќе бараат нивните лидери исто така да преземат активности“, вели амбасадорката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…