Агелер: Се надевам дека Груби ќе одговара, важно е сите да одговараат за своите дела

t

Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, изјави дека нема намера да коментира за она што се случува во врска со Артан Груби, но сепак порача дека е „важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела“.

„Навистина немам коментар во однос на тоа што се случува со Артан Груби. Не знам каде се наоѓа. Сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела и се надевам дека тој ќе биде еден од нив“, рече Агелер, која денес беше во посета на скопското јавно претпријатие „Лајка“.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ пред неколку недели беше вклучен на т.н. „црна листа“ на САД, по што против него беше покрената и истрага за милионски злоупотреби во Државната лотарија. Груби избега на Косово со помош на полицајци од граничниот премин „Блаце“, по што е недостапен за македонските органи и можно е да се наоѓа во Албанија.

Во однос на процедурата за разрешување на членови на Судски совет што се избираат во Собранието, американската амбасадорка Агелер денеска рече дека треба да постои одговорност, но и процесот треба да биде транспарентен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хјуман рајтс воч: Пресудите за Тачи и…

Пресудите за воени злосторства против поранешниот косовски…

Бугарија дава по 50 евра помош за…

Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…

Маскиран упаднал во обложувалница: Со закана зел…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

Тројца уапсени за предизвикување пожар на депонија…

На 17.09.2026 во 19.30 часот на депонијата…

Иран почна масовна мобилизација: Над 600.000 се…

Иран влегува во нова фаза на воена…