Агенцијата за електронски комуникации под хакерски напад

t

Електронските системи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се под сајбер-напад, пишува Мета. Нападот над АЕК, за Мета.мк го потврдија и од МВР.

„Минатата недела Секторот за компјутерски криминал беше известен од АЕК за хакерски напад врз оваа институција и преземени се содветни мерки“, велат од МВР.

Директорот на АЕК, Јетон Акику во телефонски разговор ни потврди дека имало „мал инцидент“ и дека во моментов се подигаат нови сервери. Акику објасни дека е на состанок во моментов, но дека до крајот на денов ќе испрати детални одговори во писмена форма.

Мета.мк уште вчера попладне по електронска пошта испрати прашања до Агенцијата за електронски комуникации и до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации во врска со актуелниот сајбер-напад. До објавата на овој текст, одговори не добивме.

Прашавме за каква форма на сајбер-напад станува збор и дали какви било податоци на корисниците на мобилната телефонија или други електронски услуги се безбедни по извршениот сајбер-напад.

Агенцијата за електронски комуникации е регулатор на пазарот за електронски комуникации кои ги вклучува двата најголеми мобилни оператори, Македонски Телеком и А1 Македонија, како и давателите на услуги за фиксна телефонија, кабелска телевизија и интернет. Дел од податоците кои ги прибира АЕК, а кои содржат лични податоци се и оние за сите корисници кои имаат извршено промена на телефонски број од еден оператор на друг.

Инаку, забележливо е дека не се отвора или со големи потешкотии се отвора веб-страницата на Агенцијата за електронски комуникација во текот на вчерашниот и денешниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре задолжителна зимска опрема за сите…

Од утре, 15 ноември, стапува во сила…

ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…

Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…