Адвокатот кој го носеше Палчо во Белград: Ми рече дека ќе оди на лекување

t

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски сведочеше Васко Стојков, адвокатот што го носел Палчо во Белград.

ВАСКО СТОЈКОВ – сведок, адвокатот што го носел Палчо во Белград

Обвинителство

О – Каде бевте на 30.11.2023 година

В – бев дома, после бев во Белград го носев Љупчо Палевски

О – како исконтактиравте и како отидовте за Белград?

В – утрото ми се јави Кешишев и Палевски и Љупчо ми рече дали знам некој нотар да работи во четврток, бидејќи беше неработен ден, јас кажав дека не познавам, зошто треба, немаше што да правам реков кафе да пиеме, јас отидов во партија околу 9.15 – 9.20 таму ме чекаше Влатко Кешишев. Обично Влатко ми ја отвораше вратата да влезам со возило, ми рече не е Палчо тука, ќе одиме кај Палчо, влезе со мене во колата, тргнавме накај Аеродром, па отидовме кај Фондот за пензиско влеговме во зградата во еден стан кај што беше Палевски, Влатко ме однесе

О – што рече Влатко, зошто го нема Палевски?

В – ништо, рече го нема

О – во станот беше Љупчо?

В – беше Љупчо, уште едно лице не го знам и јас и Влатко, кога влеговме коментиравме нешто за градбата, постари станови, после седнавме кафе ми направи, зошто нотар, рече имам десетина дена слободни со кичмата да видам Белград и Турција, а колата за Десна нема полномошно надвор од границата, реков ако е толку јас ќе те однесам често одам во Белград, а денот ми беше слободен

О – за кое возило ви бараше полномошно

В – комбе едно бело, на партијата, Фиат Добло

О – го прашавте што е причината што отишол таму во тој стан/

В – не

О – не ви беше невообичаено?

В – сега од овој аспект може да ми биде, тогаш не се прашав воопшто, кај пријател ојдов

О – од кога се познавате со Палевски?

В – од 2016 – 2017 година, не запозна заеднички пријател, адвокатот Страшевски

О – имавте ли други релации, освен што се дружевте?

В – имавме и преку партијата и приватни други релации, на пример Палевски во одредено време имаше потреба од парични средства, имаше извршување кредите, му позајмив пари, станот не дојде до извршување, по извесно време ги врати парите, а станот го продаде

О – од каде најдовте финансиски средства да му помогнете?

В – па имав, тоа беа по 2000- 3000 евра, после беше во притвор во Белград помагаа пријатели додека не беше тука

О – кој период беше тоа?

В – 2018 или 2019 не знам точно

О – за колкав износ се работеше?

В – вкупно во три години околу 20.000 евра, а имаше стан од 72 квадрати во Аеродром и едно возило Цитроен што беа предмет на извршување, им помагав на фамилијата додека беше во притвор

О – сте имале доверба во Палевски?

В – и тој во мене и јас во него

О – што се договоривте во станот со Палевски?

В – реков дека ќе го носам ако е таква работата во Белград

О – како со кого тргнавте?

В – јас, Влатко, Љупчо влезе во кола за Влатко не памтам, прашав каде има банкомат затоа што не носев пари за пат со мене, земав пари, се јавив дома кажав дека ќе одам за Белград, после заминавме на бензинска Макпетрол на излез од Скопје, пола саат седевме, кафе пиевме, менував евра, динари

О – што ви рече Палевски што е толку итно да на 30ти си заминува

В – не рече итно, рече има 10-15 дена слободни и сака да си ги среди работите околу лекување на кичмата, дека треба во Белград да направи преглед, а крајот е Турција ако мора операција

О – кажавте дека Централниот комитет трбало да се одржи зошто замина толку брзо?

В – разговаравме што ќе прави со Централниот, рече зборувал со Миле, дал напатствија ако не се врати, а може и ќе се врати, ама Миле знае што треба

О – што ви кажа за кичмата?

В – знаев дека има проблеми, тој имаше проблеми не можеше ни да стои едно време, кога спомна дека оди за операција, реков јас ќе те однесам ама да се вратам одма другиот ден имам судење, не рече итно

Страшевски: Васко не спомна ништо за централниот комитет, Обвинителот рече вие кажавте за Централниот комитет, барам да влезе во записник дека не кажал пред да биде прашан

О – Ви кажа ли дека оди кај конкретен доктор, болница?

В- не, рече да видам во Белград што ќе направам ако не в Турција

О – вие сте член на Десна?

В – да

О – требаше да учествувате на Централниот?

В – да, како член на Централен комитет да, имаше некои постапки поведени од Десна, јас не знаев дали ќе останува или ќе се врати за Централен, и тој не знаеше

О – додека патувавте, ви кажа ли нешто што се случувало тие денови, какви активности имал?

В – разговаравме, Десна поднесе кривична пријава против високи функционери на тогашната власт за финансиски криминал, разговаравме тоа време, договаравме состанок со енергетичар во Белград, за Чебрен и Галиште беше кривичната, договаравме да го поканиме на подкаст кај Палевски да биде гостин. Разговаравме за емисијата на 22ри за некои SWIFT-ови што ги објави, дали не му е страв, ама рече дека му се лепи некое велешко возило, мисли дека е Саше, ама сега сум поагилен.

О- Каде се сместивте, што правевте во Белград?

В – Јас се јавив кај пријатели, да се видам со нив кога веќе одам, во Белград со енергетичарот и уште еден пријател

О – Палевски не се брзаше?

В – веројатно не се брзаше, требаше да се видиме со пријатели

О – каде се сместивте во Белград?

В – знам пријател, има хотели, Љупчо праша хотел во Центар оти нема возило, а да не е многу скап, пријателот кажа хотел, предложи да преспие кај нив, Љупчо рече нема потреба фала ви многу, во текот на патувањето Палевски ми побара лична карта за некој пријател да му префрли средства, не можеле сите на негово име, дел да бидат на мое, во Белград ги подигнавме јас 1500 евра и тој 1500 евра, отидовме во кафана со професорот енергетичар. Негде околу осум и пол заминавме од кафаната „Руски цар“, отидовме во хотелот, јас носев една торбица, тој уште една, на пултот кај што беше рецепција, побара соба, мислам дека 60 евра беше од вечер, побараа пасош, даде, си плати и се поздравивме и јас тргнав за назад вечерта околу 9.

Другиот ден ми се јави, кажа дека најверојатно ќе заминува за Турција, не кажа зошто, ама рече треба да оди, нема да дојде на Централниот комитет, со Миле ќе договорите што треба, со Миле се договоривме другиот ден да одиме да разговараме, ама попладнето ми се јави брат му на Љупчо, рече да не знаеш што е работата дојдоа инспектори бараа некое возило, ама кога разбраа на Палчо жена му дека се вика Весна некако зачудени како да не бараа таква. Јас кажав да ме бараат ако треба нешто. Возејќи окн Ист Гејт, требаше да земам плејстејшн за синот, по патот ми се јави Љупчо ми рече дека е на пат за Турција, најверојатно ќе преспие во Ниш, дали знам некој хотел да преспие таму пак да не е толку скап, му пратив некој хотел. После тоа ми се јави Џоле околу 19.30 дека жена му ја викнале во станица крвни деликти, јас кажав не сум кривичар, ако треба нешто јави ми да видиме што е. По десет мин ми се јави пак Ѓорѓи се јави Лита многу вознемирена, се работело за колата што ја дадовме во партија. Му реков дојди јас сум во Круме Кепески, кажа дека мора да оди во станица, рече што може да има со колата, реков може сообраќајка, да им каже како што е дека ја дал колата во партија, мислев дека некој возел и ја чукнал колата. Кога отидов во партијата таму беа Влатко Кешишев и братот на Палевски, тоа беше после 21.30 вечерта на први. Брат му на Палчо беше зачуден што е работата, кажав за Џоле, жена му, нешто со возилото и кажа еве возилото е тука надвор, имаше зaстанато едно возило од полиција погоре.

после тоа си отидовме со Баљо дома, во три ми се јави Кешишев, полиција дојде, треба да прават претрес и бараат адвокат дали ќе дојдеш, јас кажав ќе дојдам, не знаев што се случи со Џолев, кога стигнав беше полно инспектори, полиција, јас не сум кривичар, не носев адвокатска легитимација и печат, се вратив да земам легитимација. Од инспекторите ја видоа таблицата на моето возило, кажав дека бев да го носам Палевски во Белград, кажав каде го оставив во хотел, ќе оди во Турција, инспекторите рекоа јави се дали ќе го добиеш, пред нив пробав двапати не се јави три часот беше по полноќ. Почна претресот, ми ја вратија наредбата видов што се бара, не ни претпоставував што е, возило со велешка регистрација, запаливи материи, реното што беше во дворот итн. Бараа и дали имаме закуп и една група цело време во книгите ог бараше договорот за закуп, другите вршеа претрес, зварши претресот за час и половина, го зедоа возилото и лицата што беа затекнати во партијата вечерта ги приведоа, бевме во станица Пролет.

О – тие лица како се најдоа тука

В – можам само да претпоставувам, Плотников нсимаше подкасти редовно одеше таму, другиот случајно поминал во партија па го затекнале. После тоа претресот заврши, во станица ги задржаа 24 часа и инспекторите рекоа утре дојди во 12 часот. Јас во шест сабајле на втори си дојдов дома, само што легнав се јави Љупчо, дека сум го барал, реков има во партија нешто се прави некој претрес, се зачуди и кажав дека ги приведоа Влатко, заедно со Кирил и Плотников и реков јас не сум кривичар, да не некој нешто има удрено човек, да најдеме адвокат, ми посочи адвокат, рече ќе гледа да дојд еимал закажано нешто дента.

Во 12 бев пред ПС Пролет и почна распитот на Влатко, Христијан и кИРИЛ, ВО ТЕКОТ НА РАСПИТОТ НЕ СЕ СЕЌАВАМ КАЈ кој се јави Палевски дека медиумите објавиле во Десна приведени некои. Пред да кренам им кажав на инспекторите дали да се јавам Љупчо ѕвони и рекоа јави се прашај го каде е и прашав кажа дека е во Турција и да прашам каде бил на 27ми, рече не можам да се сетам сега точно, како ќе се присетам ќе ти јавам. Заврши распитот, јас си отидов дома, во 17.30 – 18.00 ми се јави Љупчо и ми рече знам отприлика кај бев, реков да не беше Дебар Мало, рече може и да бев, ако одам кај мајка ми одам по Илинденска, ако одам кај не знам како се викаше, можно е да сум одел кај него, плаќав во банка, колата ја паркирав на слепата уличка на Партизанска кај банките. Кога одел кај човекот не одел по Илинденска туку околу црквата, одел кај кружниот и накај човекот, рече може да бев таму оти требаше од кај мајка ми да земам некои средства.

Прашав што правеше таму, рече може бев, не знам дали е 27ми и ми кажа дека требало да му средат котли, тие денови сигурно бил таму, ама не знае дали понеделникот точно.

Јас им кажав се на инспекторите, после во недела сабајле ми се јави Лита, па Џоле дека ги пуштиле, па Плотников и реков да се видиме да видиме што е работаа, врската била возилото со киднапирање на Вања. Се видовме јас, Лита и Џоле, Лита беше многу вознемирена, отидовме со Џоле до партијата, кучето беше внатре лаеше, викавме да го добиеме Влатко го немаше и отидовме до Пролет им кажавме кои сме ако има некој од полиција да го отклучиме кучето да го извадиме оти Кешишев не можеме да го најдеме. Полицаецот кажа зошто сме дојдени и рече Влатко е пуштен сабајле, но е повтонро приведен во 12 и е на терен со колегите. Не може никој да оди во партијата. Медиумите почнаа да објавуваат, некој признал убиство,ние бевме во бунило. Вечера се јави сопругата на Палевски, што е ова, има полиција, претрес ќе прават те молам дојди, кога влегов веќе почнуваше претресот и се јави Љупчо ме праша што е ова, дебел што е ова, реков ти си овде веќе осуден, мора да дојдеш да си дадеш изјава, спасот тие тоа, ако не си учествувал мора да се вратиш. Тој рече знаев, ќе ме наместат, ме имаат местено, инспекторот ми рече исклучи телефонот, јас исклучив, дали може да видиме од кој број се јавува, видоа. Заврши претресот, во средата ми се јавија од станица ме викнаа на разговор, кажав таму, ми покажуваа дали Палевски имал некоја љубовница, демек мајката на девојчето, јас не знаев која е до тогаш, кажав дека не ја познавам. Ми покажаа слика од мајката, јас ја немав видено. Полицијата беше многу коректна, освен еден што ми рече знаеш ли кој седеше таму, Велибор и цел Велес денес се чуди колку ќотек јадел Велибор.

О -средства како собиравте за партијата?

Х – беревме кој како има, ние немавме некој да не финансира

О – кога му рековте на Палевски да се врати од Турција, што рече

Х – ништо, инспекторот ми кажа спушти, Љупчо пак ѕвонеше ама повеќе не комуницирав никако, ме фати и мене страв.

ВКРСТЕНО СТРАШЕВСКИ

С – Во вашиот исказ спомнавте Саше, кое лице?

В – рече бате Саше, не спомна презиме

С – Ќе се согласите ли со мене дека тоа не е таткото на Вања?

В – а не, не мислеше на него сигурно, на некој друг

С – може ли да ни појасните што пребаруваа на претресот во Десна?

В – беа многу инспектори, едни го креваа возилото, едни беа кај книгите, други беа со нас гледаа низ собите, траеше саат врем епретресот, тоа е куќа 300 квадрати

С – ќе се согласите ли дека поголем дел од просториите полициските службеници само визуелно го прегледале

В – се бараа делови од моторно возило, визуелно да, бараа дали има делови од возило, најдоа еден телефон, тука се задржаа

С – ќе се согласите ли со мене дека ливчето што сте го однеле за движењето на палевски се совпаѓало со информации што тие ги имале?

В – па велеа добро не знам дали така

ПАЛЕВСКИ

П – во колку часот се јави мојот брат?

В – петок попладне, после 17.00 прво Баљо се јави, па Џоле итн

П – ви спомна ли мојот брат дека ме барале мене?

В – рече ја бараа жена му на Палчо, барале возило, кога им кажал како се вика сопругата на Палевски, Весна, се зачудиле и заминале, барале некој друг

П – друго нешто спомна брат ми освен возило и сопруга, дали може да се сетите?

В – јас не се сеќавам

П – дали бев дециден дека на 27ми сум бил во Дебар Маало?

В- јас мислам дека кажав, полицијата праша за 27ми, рече не се сеќавам, ќе ти кажам , кога ми се јави да ми каже рече знам дека имав плаќање во банка, дали бил Дебар Маало кажа ако сум бил одам по таа траекторија, мислам дека отидов да земам пари од мајка ми или имаше прилив не знам, ама плаќав пари тоа знам

П – дали спомнав печат земање од партија, сум се вратил од партија печат за прилив плаќање од Јутјуб?

В – памтам дека рече дека си се вратил во партија, не знам дали за Јутјуб, ама дека си се вратил во партија ми кажа

П – дали во диктирањето на трасата спомнав Рено или комбе?

В – мислам комбе, не Рено, рече комбето го паркирав во слепото уличе кај банката

П – спомнавте разговор седи тука со инспектор за кога си излегол од државата со твоето возило, дали го спомна името Палевски инспекторот кога те распрашуваше за излез?

В – ме праша кога последен пат сум излегол со возилото, јас кажав дека сум бил со Палевски, праша каде отседнал

П – дали јас ве барав и ви соопштив каде се наоѓам?

В – првпат мене ми кажа дека одиш за Турција, после во текот на распитот на приведените прашав дали може да се јавам ѕвони Палевски, рече јави се и прашај го кај е, ти рече стигнав во Турција и пренесов, прашај го за неговото движење на 27ми и ти рече не се сеќавам, да ми текне покасно ќе ти се јавам ќе ти кажам. Инспекторите рекоа ако ти каже Палевски за 27ми да ни кажеш што рекол.

П – дали кога диктирав траса на движење кажав дека е траса за 27.11?

В – Ти рече знам сигурно платив пари, паркитав комбе, не се сеќавам дали зедов пари од мајка ми или од прилив, прашав за Дебар Маало, рече МОЖЕ да сум бил

П – дали бев сомнителен, нервозен, бидејќи сум ви долгогодишен познаник, дека бегам од државата?

В – ние одевме на граничен премин со пасоши, не можам да претпоставам да бегаме од државата, а два-три саати вртевме низ Скопје

П – спомнавте за љубовница, тоа полицијата ве праша?

В – инспекторите тоа прашаа, дали Палевски имал љубовница

П – на претресот дали бараа исклучиво една група од инспекторите, исклучиво листа документи?

В – еден дле од инспекторите подигаше возило, еден дел бараше низ книгите, договор за закуп бараа, а еден дел со мене одевме соба по соба гледаа што има.

П – што одземаа?

В – телефонот, картичката и возилото

П – спомнавте инспектор кој ви поставил прашање за столчето, дали беше Зарински?

В – еден бел во косата, луѓето беа коректни, јас бев уплашен, се обидов да го научам и него и мислам дека така беше

СУД

С – вие сте му дале на заем пари на обвинетиот Палевски, колку пари?

В – на крај кога направив математика, од Белград кога излезе, околу 21.000 евра, во период од 3 години

С – дали ви ги врати парите?

В – да

С – дали ви ги врати откако го продаде станот?

В – делумно откако го продаде станот

С – вие бевте многу близок со обвинетиот?

В – бев близок како пријател, јас и кога беше притвор во Белград одев на посети јас, комуницирав со адвокати

С- ви кажа ли по пат додека патувавте во Белград каде ќе оди на кој доктор?

В – не, ни болница ни доктор, не прашав јас бидејќи 6-7 месеци претходно кажуваше дека мора ова да го средам

С – не кажа за кога има закажано?

В- кажа за 10-15 дена има време да го заврши ова

С – зборувавте ли за состојбите во партијата, конкретно за Централниот?

В – да, дека ако не дојде тој Миле треба да работи, а и општо за состојбата во партијата

С – што ви кажа, зошто ќе оди во Белград наместо на Централниот?

В – се јави нема да дојдам на централен, ќе одам во Турција, после рече одам во Турција, ќе преспијам во Ниш

С – колку чинеше престојот во хотелот Таш?

В – 60 евра и пред мене плати

С – имаше ли пари со себе за да може да плати лекување?

В – не знам дали имаше, само знам кога рече смени и за мене пари 150-200 евра, да сменам и за него. Ми спомна по патот дека, ми побара лична карта, за трансакциите, јас му дадов 1.500 евра, рече ќе ми пуштат пари ама му требаат сега, а ти утре ќе си одиш, јас се согласив, дел на мое име пуштија пари, дел на него

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…