Адвокат за убиството во Охрид: „Никој не заслужува ваков крај, којзнае уште колку Палчовци има“
Адвокатот Војо Димоски, кој во минатото бил правен застапник на убиениот Климе Митрески, остро реагираше по трагичниот настан во Охрид, посочувајќи на сериозни системски слабости и небезбедност во општеството.
„Покојниот Климе Митрески, жртвата на убиството во Охрид, ми беше клиент уште од првите денови на мојата адвокатска пракса. Никој не заслужува да го заврши животот на таков начин“, напиша Димоски.
Тој во својата реакција посочува дека состојбите во државата се загрижувачки, обвинувајќи за отсуство на систем и институционален капацитет.
„Чудо едно е во каква средина се има претворено оваа наша Македонија, која наизменично им ја доверуваме на владеење на луѓе на кои не би им ја довериле ни главата на шишање“, наведува адвокатот.
Димоски тврди дека поради нефункционалноста на системот, опасни лица не само што остануваат на слобода, туку и се организираат.
„Поради отсуството на систем, не само што психопатите се на слобода, туку истите се организираат во полулегални милитантни секти. Којзнае уште колку Палчовци чучат во темни подруми“, пишува тој.
Во реакцијата, тој упатува критика и кон институциите, посочувајќи дека постои недостиг на јасни приоритети во борбата против криминалот.
„Листата на задачи кои Премиерот му ги издиктира на Државниот обвинител укажува на немањето компас за приоритетите на борбата со криминалот“, наведува Димоски.
Сепак, тој завршува со порака дека одговорноста не е само кај поединците.
„Ама пак ќе речам: не се тие криви“, напиша адвокатот Војо Димоски по убиството на Климе Митрески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со…
Триесет и петгодишна жена од Скопје пријавила…
Херој на плажа во Ситонија: За неколку…
Од обично летување на Ситонија до драматична…
Пожар во Јегуновце се шири кон Бојане…
Активен шумски пожар избувна на територијата на…
Земал 200 евра за наводно лекување на…
Основното јавно обвинителство во Тетово поведе постапка…
Ангелов: Три „ер трактори“ се борат со…
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце,…