Адеми СО БУКЕТ И ЧЕСТИТАШЕ РОДЕНДЕН на Силјановска Давкова
Додека трае расправата на власта и опозицијата за измените во законите за изградба на коридорите за договорот со Бехтел и Енка кои владата ги достави со европско знаменце, во собраниската комисија за европски прашања Арбр Адеми како претседател на таа комисија ја изненади својата колешка од опозицијата Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот роденден.
Имено, Адеми стана од пултот и и` подари букет цвеќиња на пратеничката Гордана Силјановска.
Додека траеше честитањето на 68-от роденден на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и професорка, нејзините колешки од партијата дофрлаа: Еве сега ќе се гаѓаме со цвеќиња, така е европски, извикуваа пратеничките, пренесе Слободен печат.
Владата до Собранието достави пет предлог-закони: за работни односи, за урбанистичко планирање, за градење, за експропријација и за утврдување на јавен интерес за да се донесат по скратена постапка, на што остро се противи опозицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…