Адеми: Цела Македонија ќе биде зад нас, тоа е доволна мотивација за победа
Македонската репрезентација вечерва ќе игра за историја и победа на гостувањето кај Португалија, која ќе значи место на Светското првенство 2022.
Еден од клучните играчи во средниот ред Аријан Адеми го најави мечот против Португалија, чија игра очекува да се базира на индивидуалците.
„Направивме страшен резултат во Италија, на сите им покажавме дека можеме да играме со најголемите, а денес нè очекува нов спектакл. Португалија индивидуално e посилна од Италија. Но, нашата репрезентација ќе има поддршка од цела Македонија. Тоа ќе биде доволна мотивација за нова голема победа“ , вели нашиот фудбалер.
Селекторот Благоја Милевски на најавната прес-конференција кажа дека нема дилеми околу составот со кој од првата минута ќе го нападне португалскиот тим.
Натпреварот на „Драгао“ се игра во вечерниот термин од 20:45 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
Расте бројот на заболени од грип, Тетово…
Бројот на заболени од грип и заболувања…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…
Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште
МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…