Администрацијата бара К-15 за 2020 – Министерот вети

t

УПОЗ, синдикатот на администрацијата, на средбата со новиот министер за администрација и информатичко општество Адмирим Алити исплата на К-15 за 2020, право кое не го добиле, иако според нив, им следува согласно Гранскиот колективен договор.

Синдикатот побара и во Буџетот за 2022 година да се предвидат средства за годишниот регрес. Алити, според соопштението на УПОЗ, рекол дека со ребаланс на буџетот ќе бидат обезбедни средства за исплата на регрес за годишен одмор.

Напоменал и дека на седница на Владата ќе го покрене и прашањето за не исплатата на регресот за годишен одмор за 2020 година, со оглед што веќе се покренати тужби во граѓанскиот суд за остварување на ова право, а со цел да се спречи дополнително оштетување на буџетот со исплата на адвокатски и судски трошоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…