Администрацијата и Владата се договорија за 8 отсто покачување, се чека „амин“ од органите на УПОЗ
Позадоволни од ништо, ама незадоволни во целост претставниците на УПОЗ излегоа од средбата со премиерот Христијан Мицкоски, на која беше договорено поместување на минималната плата во државната администрација.
Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски рече дека барањето на синдикатот не било прифатено во целост, но Владата прифатила додатоците на плата да бидат исплаќани во однос на вработните во администрацијата и правосудството.
„Како што најавуваме минатата година, ќе бидат на неколку години, значи на три рати по 8 проценти, за жал не по 10 проценти, пак ќе повторам не ги добивме минатата година, меѓутоа еве сега Владата прифаќа да ги исплаќа од сега заедно со почеток од месец март, на начин на што сите институции во државна управа и правосудство ќе треба да потпишат поединечни и колективни договори за да го добијат ова право“, рече Деаноски.
Но за да се случи ова, синдикатот треба да даде зелено светло, а откако ќе се изготви текстот на колективните договори. Доколку биде прифатено ќе се пристапи кон потпишување на новите колективни договори.
„Она што треба да се доработи е да се спреми текстот на овие колективни договори заедно со Владата, односно претставници на Владата и Синдикатот и тоа да биде ставено на гласање кај нас во синдикатот. Доколку колегите го прифатат, нема никаква пречка за потпишување на тие поединечни колективни договори, доколку не го прифатат, Владата ќе добие наш одговор дека веќе се изгуби една година и вработените можеби ќе бараат повеќе од овој износ што сега е понуден и да видиме дали ќе има условување од страна на Владата за откажување од нешто друго“, додаде Претседателот на УПОЗ.
Во меѓувреме и покрај протестот на ССМ, вработените во приватниот сектор извисија и за нив се уште не подготвува законско решение со кое би се зголемила минималната плата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата и Владата се договорија за 8…
Позадоволни од ништо, ама незадоволни во целост…
Мециновиќ: Владата ја брани олигархијата, а ги…
Оваа Влада ќе биде запаметена по најголемите…
Државата плаќа двојно повеќе за алуминиумски фолии…
На веб страницата за јавни набавки, Службата…
Синдикат на УПОЗ: Владата под притисок, прифатен…
Синдикатот на УПОЗ денес на социјалните мрежи…
Француска и јапонска фирма сакаат да го…
Француската државна компанија за производство и продажба…