Адмиралот Роб Бауер од НАТО денеска во официјална посета на Македонија и АРМ
Од денеска во официјална посета на Македонија и на Армијата на Македонија ќе престојува претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер.
Официјалната посета, адмиралот Бауер ќе ја отпочне утре во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана каде ќе оствари средби со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, по што ќе следува и прес-конференција.
За време на посетата на Генералштабот и Министерството за одбрана, претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, ќе се запознае со плановите и развојот на способностите на Армијата на Република Македонија, процесот на трансформација и опремување, како и со учеството на Армијата во операциите и вежбовните активности.
Во текот на денот, адмирал Бауер ќе оствари средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Бауер ќе ја посети и касарната „Илинден“, каде ќе присуствува на дел од предвидените активности на баталјонот на специјални сили, а следниот ден ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, каде ќе одржи предавање пред припадниците на Генералштабот и Воената академија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…
Сакам да информирам за една преубава вест,…
Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…
Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…