АД ЕСМ обезбеди гас за топланите Исток и Запад за до крајот на ноември

t

АД ЕСМ ја обезбеди потребната количина природен гас за работење на топланите Исток и Запад за периодот 16-30 ноември 2022г.

Гасот е обезбен од Макпетрол по цена од 1345 евра за 1000 нм3.

АД ЕСМ и натаму ќе продолжи да врши набавки на гас за покуси временски периоди со цел да се искористи финансиската поволност од континуираното намалување на цената на гасот на пазарот.

Како што и претходно информиравме, топланите ќе продолжат да работат на природен гас во текот на грејната сезона како основен и најеколошки енергенс за нивно функционирање.

Во меѓувреме, системот технички се подготвува за тестирање за користење на алтернативно гориво дизел, како резервно решение за во случаи во кои поради геополитички случувања во Европа гасот би станал недостапен на пазарот или би достигнал екстремно високи цени.

Тестирањето ќе се врши по обезбедување на сите соодветни дозволи од надлежните институции и почитување на приписите за постапката.

АД Електрани на Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неофицијално: Авраам-Минос Мојсис бил можна цел на…

Авраам-Минос Мојсис, грчки бизнисмен со еврејско потекло…

Денес се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх…

Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно наместа со повремени врнежи од…

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…