АЕК билa хакерски нападнатa, но не го платиле откупот

t

За една година имало 155 пријави за хакерски напади до Агенцијата за електронски комуникации, од кои само 12 биле посериозни, изјави директорот на Агенцијата за електронски комуникации Јетон Акику во интервју за „Радио Слободна Европа“ .

„Најголем број досега за една година е 155 пријави од кои што само 12 се сериозни инциденти, другите се пријави за малициозни меилови и спамови. Значи пријавени се 12 посериозни инциденти се пријавени до сега и таа бројка не е реална поради тоа што по закон за државни и приватни институции не е задолжително да пријават. Со тоа што не е задолжително да пријават, дел од нив и не пријавуваат. Затоа и не е реална таа слика, причината е само тоа што во законот не е наведено дека задолжително треба да пријават“, изјави Акику.

Информатичкиот систем во државните институции според него не е лош во споредба со регионот, но смета дека не сме на ниво на кое треба да бидеме како држава. Овие напади според Акику доаѓаат од надвор и вели дека се користат ВПН адреси каде што реално не може ни точно да дознаат од каде доаѓаат.

Акику признава дека годинава  во април имало хакерски напад и на АЕК, но вели откуп не платиле, бидејќи го решиле веднаш штом дознале.  Според него им биле побарани 70 до 80 илјади евра.

„Ние имавме еден така да кажам мал инцидент со кој што се справивме брзо, без да имаме некоја последица. И кај другите институции не дека нападите беа толку страшно но најголемиот проблем општо на сите институции, државни особено е што фали кадар, човечки ресурси во смисла на справување со ова. Имаме институции каде што нема ИТ инженер воопшто вработен“, изјави Акику.

За хакерските напади на Фондот за здравствено осигурување, Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки смета дека самите институции треба да кажат што се случувало.

„Она што имаме ние како информации за нападите во Македонија, освен во комерцијалниот дел каде што се бараат пари (како откуп) за нападот, има и политички мотивирани напади и тие се зачестени откако ние станавме членка на НАТО“, изјави Акику.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Британија изведоа нови напади над…

Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Дејли Мејл: Борис Џонсон размислувал за воен…

Екс-премиерот беше кажано дека е „збеснат“ откако…

Се огласија Xyтите по нападот на американски…

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, Хутите…