Аирлија: Започна исплатата на боледувањата, породилнoтo и рефундациите
Речиси сите модули на ФЗОМ, се ставени во функција, информираат од Фондот.
-ИТ експертите ги финализираат процесите и функционалностите, и со тоа започна исплата на боледувањата, породилното остуство и разни рефундации. Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во Подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, се вели во соопштението.
Во тек е и враќањето во функција и на ДРГ системот, (кој е систем за евиденција на болничките услуги) за што јавноста навремено ќе биде известена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подготвувал да убие повеќе лица –…
Полската полиција приведе 16-годишник осомничен дека планирал…
Нетанјаху планирал нов удар врз Иран, Трамп…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планирал да нареди…
Работник почина од струен удар во Кондово
38-годишен маж од Студеничани го загубил животот…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Најмладиот милионер во Македонија има 4 години,…
Четиригодишно дете е најмладиот примател на годишен…