Академик Коцарев го oбвини Заев за пpeдавство: Промената на Уставот, промената на уставното име, зар не е пpeдавство на татковината?

t

Дали се сеќавате на зборовите: „Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред парламентот и да бара промена на Устав заради промена на уставното име“? Овие зборови на екс премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто за „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа, ги цитираше , академик Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ.

Академик Коцарев, кој е еден од 2 насто највлијателни научници на светот, обвини за предавство.

„Тие зборови искажани од државник останаа во меморијата како надеж за достоинствена иднина, но тоа што се случи потоа, промената на Уставот, промената на уставното име, зар не е предавство на татковината, предавство на пријателите, па дури и предавство на Бога и на Исус?“ потенцира академик Коцарев во интервјуто со Љупчо Цветановски на ТВ Алфа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на…

По успехот кој го имаше СДС на…