АКО БИДЕ БЛОКИРАНА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ БИДЕ И БУГАРИЈА!? Шокантна изјава на словенечкиот премиер Голоб
Како држава сосед посакуваме Бугарија да избере политичка влада, која што ќе биде стопроцентно ориентирана кон придржување на принципите на ЕУ, кон принципите на проширување на Унијата, на почитување на сите свои соседи и градење на добрососедски односи и со нашата држава и со другите соседи, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција во Љубљана со неговиот словенечки колега Роберт Голоб.
Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека Македонја верува дека една европска влада во Софија ќе се залага за сите тие принципи, исто како што Словенија се залага за зачленување на целиот Западен Балкан во ЕУ, бидејќи тоа е единствената алтернатива за економски просперитет на сите граѓани од нашиот регион.
Тој истакна дека односите на Македонија со Бугарија се базираат на институционална комуникација.
Словенечкиот премиер Голоб оцени дека е добро што изборите во Бугарија се зад нас, бидејќи во време на избори не се решаваат чувствителни прашања.
– Моментално Бугарија сè уште нема влада, но со која било влада која ќе биде именувана ќе имаме дијалог, а тоа е значењето на европските интеграции. И Бугарија и денес е свесна, бидејќи навистина сака да влезе во Шенген зоната. Бугарија е држава која е свесна како е кога некој ќе те исклучи од постапката кога имаш право за понатамошна европска интеграција. Верувам дека ќе има разбирање и за прашањето на Македонија. Мислам дека се работи за јасна порака дека нема друг пат за Бугарија и за Македонија и дека се работи за ист процес и не за два процеса. Можеби само поради тоа да некој не ја зема предноста. Тоа е дискурс кој ќе го имаме во Брисел сигурно – потенцира словенечкиот премиер.
Тој додаде дека уставните измени, кои се услов за продолжување на преговорите на Македонија со ЕУ, како што бил денеска брифиран на средбите со претставниците на земјава, се во насока на подобрување на положбата на малцинствата во државава.
– Бевме информирани дека имате еден од најнапредните системи за заштита на малцинствата во Европа и верувам дека таа информација со задоволство ќе ја шириме во сите европски кругови. Македонија и досега беше меѓу најнапредните, ако не е најнапредна и земјата сака да остане на тој пат, а истовремено токму со тоа што ќе стапи во полноправно членство во ЕУ тие малцинства ќе добијат пристап кон своите матични држави – рече Голоб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Турска серија“ во Штип: Турци ограбиле сограѓани,…
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.Т.(23),…
Од утре задолжителна зимска опрема за сите…
Од утре, 15 ноември, стапува во сила…
ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…
На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…
Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…