,,Ако воведовме санкции кон Русија, ќе не тапкаат по глава пет-шест дена”

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека на Западот нема да му биде доволно дури и Србија да воведе санкции кон Русија.

„На ист начин, со истата неподнослива леснотија на површност и неодговорност, се јавуваат нашите партнери од сите страни на светот. Ако мислите дека би било доволно Србија да каже дека утре ќе воведеме санкции кон Русија, тоа не би било доволно, ќе не тапкаат по глава пет-шест дена. Денеска им служи како стап и чекан да не удира по сите форуми, пошто не можат да бидат поголеми и појаки. Така ќе ни направат се што ја обвинуваат Русија дека им прави на другите. По неколку дена би рекле дека избирате дали сте на вистинската страна на историјата. А таа вистинска страна на историјата значи дека сте на нивна страна“, рече претседателот на Србија.

Тој вели дека овој пат не по наша вина сме вовлечени во маѓепсан круг од кој се чини дека нема излез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…

Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…

Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…

Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…

Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…