„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63 животи се цената на нивното непостапување“, реагираат од здружението на родителите на загинатите во „Пулс“ по денешното рочиште
Здружението 16 март 2025 реагира на денешното рочиште за „Пулс“. Ја објавуваме целосно нивната реакција:
„Од прашањата што обвинетите денес ги поставуваат на вештаците, излегува нешто многу поважно од она што веројатно сакаат да го постигнат со својата одбрана – покажуваат колку добро ги познавале аномалиите и неправилностите во „Пулс“.
И токму тука се наметнува суштинското прашање: ако знаеле – зошто не постапиле?
Не може денес детално да ги набројувате пропустите, опасностите и неправилностите, а истовремено да тврдите дека со години не сте имале причина да реагирате.
Затоа судот треба да утврди кој знаел, што знаел, од кога знаел и зошто молчел.
Ако доказите покажат дека опасностите им биле познати, а свесно не презеле ништо во рамките на своите надлежности, тогаш веќе не зборуваме само за институционален пропуст. Се отвора прашањето за свесно непостапување и за степенот на нивната кривична одговорност.
Од одговорот на тоа прашање не може да се избега со бескрајно испрашување на вештаците.
Затоа што 63 човечки животи се цената на тоа непостапување“, велат од здружението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…