АКО КУПУВАТЕ КОЗЈО МЕСО ПРАШАЈТЕ ДАЛИ Е УВОЗНО: „Козја чума“ се појави во Грција

t

Грција го забрани транспортот на овци и кози во обид да ја спречи многу заразната инфекција позната како „козја чума“.

Грчките медиуми информираат дека случаи на болеста се откриени во централниот регион на Лариса и на југ во Коринт.

Локалните власти досега тестираа илјадници кози и овци, а дополнителни 120.000 треба да бидат прегледани до крајот на јули.

Вирусот, кој уште се нарекува и „Peste des Petits Ruminants“ (PPR), убива 80 до 100% од заразените животни, но не се пренесува на луѓето.

-Во цела Грција е забранет транспорт на овци и кози за парење, гоење и колење. Забраната е воведена со цел да се ограничи ширењето и искоренувањето на болеста – изјави министерот за земјоделство Константинос Цијарас.

„Ветеринарните служби во Грција соопштија дека е безбедно да се консумира млеко и месо од заразени животни по готвењето“, соопшти грчката влада.

Од извозот на кози Грција заработува околу 36.000 евра, а најголеми купувачи се Албанија, С Македонија, Романија и Германија, покажуваат податоците на Светска банка.

Според регулативите на ЕУ, целото стадо мора да биде заколано кога ќе се потврди случај на козја чума, по што целата фарма се подложува на дезинфекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва тврди дека погодила трговски брод во…

Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…

Силно невреме во Италија, жена загина во…

Невремето што од вчера ја погодува Италија…

Врнежи, ветер и заладување за време на…

Под влијание на циклонска активност за време…

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…

Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…