Ако ми дозволат, јас можам да помогнам да ги вратат податоците на Фондот за здравство
Ѓорги Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија, вечерва преку објава на фејсбук ја информира јавноста дека стои на располагање да помогне да се вратат изгубените податоци од Фондот за здравство.
Вели дека тој го правел софтверот во ФЗО, а од тогаш до денес тој многу пати бил дополнуван и доработуван.
„Не верувам дека нема ,,BACKUP,, на податоците во Фондот за Здравство!!! Јас го правев софтверот за ЗДРАВСТВО во ,,CLIPPER ,, програмски јазик и DBASE база и ја имам базата до 1996 година . А, од тогаш до денес е многу пати софтверот дополнуван и доработуван… Не е потребно да се бараат надворешни експерти. !!!
Јас, стојам на располагање и ја нудам мојата помош да ги вратам податоците ,, доколку ми дозволат,, и во било која база да се или во кој хард диск Ви стојам на располагање… !!! Каде се нашите експерти, програмери и стручни кадри???“, се вели во фејсбук објавата на Манасков.
Како што е познато, софтверот на ФЗО е паднат со денови, а според информации и хакиран, и се уште не е пронајдено решение за тој проблем, кој го закочи функционирањето на здравствениот систем во државава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…
Дијалогот што во моментов се води околу…
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…
Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…