Објавено на:

АКО НЕМАЛ ИНФАРКТ, ТОГАШ ЗОШТО СЕ ОНЕСВЕСТИЛ? Откриено е зошто колабираше фудбалерот на Рома

t

Откако фудбалерот на Рома, Еван Н’дика, држејќи се за градите се сруши на теренот на натпреварот против Удинезе, веднаш беше хоспитализиран и е во стабилна состојба, велат информациите од Италија.

Н’дика се пожали на болки во градите, а потоа падна на теренот. Следеа минути на страв и на паника на теренот на „Дачиа“ арената во Удине, а натпреварот беше одлучено да биде прекинат бидејќи стравувањата беа дека Н’дика доживел срцев удар.

Фудбалерот веднаш беше хоспитализиран, а првичните информации говорат дека неговиот живот не е во животна опасност.

Италијанците веднаш ја потврдија веста дека Н’дика не доживеал инфаркт, ниту застој. Ова го потврди Ла Сорес, регионалниот здравствен оперативен центар, кој додаде дека тој бил примен во болницата „Санта Мариа дела Мизерикордиа“ под жолт аларм.

Според сите проценки, виновникот за колабирањето на Н’дика во 73. минута од натпреварот е ударот што претходно го доби во текот на самиот натпревар, а кој подоцна дојде да го земе данокот.

Играчот беше подложен на кардиолошки и невролошки тестови, вклучително и КТ скен. Испитувањата покажаа дека веројатно имал пулмонална компресија, со можен пневмоторакс.

Тоа можело да биде предизвикано од некои удари во натпреварот, а имаше еден прилично силен во 38. минута и други два во 66. и 70. минута, непосредно пред колапсот на дефанзивецот од Брегот на Слоновата Коска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…