АКО НЕПРАВДАТА Е ЗАКОН, УЛИЦАТА Е ОДГОВОР: Синдикатот на полицијата го подбра Спасовски – Џабе 60 дисциплински и 10 суспендирања!

t

Синдикатот на полиција во Македонија преку статус на Фејсбук пишува дека правото на протест е уставно загарантирано право.

-Правото на протест е УСТАВНО загарантирано право❗️

Повеќе од 60 измислени предлози за дисциплински постапки и повеќе од10 решенија за неосновано суспендирање на полициски службеници

СТОП за злоупотребата на ПОЛИЦИЈАТА и ЗАПЛАШУВАЊЕ ВО ПОЛИЦИЈАТА❗️

○●○●○●○●○●⛔️○●○●○●○●○●○●○●○●⛔️○●○●○●○●●

Во нашето блиско минато паметиме серија на такаречено демократски изрази на незадоволство во форма на некаква револуција. Тоа беа серија протести на кои граѓаните ја изразија својата воља и незадоволство, ништо повеќе, ништо помалку.
ПРОТЕСТ❗️❗️❗️

Загарантирано право на секој граѓанин да го изрази своето мислење, став, барање.
Во тоа време при таквите активности се поставуваа блокади, прегледи, се измислуваа прекршоци, а кај нас во полицијата се ангажираа сите можни ресурси заради “можноста за нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем”!!! Таквите постапки, во тоа време беа категоризирани како „Режим“, од страна на денешните Министри и раководни структури, особено во МВР на чело со Министерот Оливер Спасовски. Паролата која беше звезда водилка тогаш гласеше “Нема правда, нема мир”❗️ Полицајците и останатите вработени во МВР, кои не се согласуваа со таквото раководење во МВР и сакаа да го изразат своето незадоволство беа под константни закани, малтретирања, дисциплински постапки, разместувања…..

Да го запрашаме нашиот Министер денес:

🎯Дали тоа Вие денес ги повторувате тие постапки, господине Спасовски?
🎯Дали денес не живееме во демократска држава?
🎯Дали секој, па и полицаецот првенствено како граѓанин, има право да протестира?
🎯Дали Вие го спроведувате она за што бевте категорични дека е “полициска држава” против сопствениот народ?
🎯Дали и Вие ги користите човечките ресурси во МВР за ситнопартиски потреби?
🎯И најважно-Кого ќе го браниме од сопствениот народ?

Имајте на ум дека ги користите човечките ресурси во МВР – полицајците и останатите вработени , на начин кој Вие самиот го осудувавте и против кој се боревте пред само неколку години. Господине министер, МВР не е лична -ТВОЈА своина. МВР и припадниците се на народот, сервис на граѓаните, помош и подршка на секој граѓанин. Точно е тоа дека секој протест, во какви и да е размери, мора да се обезбедува! Тоа е должност на МВР.

Но да се ангажира, народски речено „СЕ ЖИВО И ДИВО“? Зарем треба да помислиме дека се повторува 2001-ва или 2015-та⁉️⁉️⁉️

Вака ли Ви е во план да изградите професионална и задоволна полиција, задоволни граѓани???

Да не користите само како средство, а не да не третирате како полицајци??? Ова ли е за вас извршна власт, господине министер Спасовски???

Ова е само мал дел од причините заради кои СПМ како Синдикат ги подржува овие СЕНАРОДНИ ПРОТЕСТИ. Како припадници на МВР сме крајно незадоволни од Вашиот однос кон нас, Вашата работа во однос на работникот, Вашата негрижа за вработените (повторно ги исклучуваме послушниците и полтроните кои и онака не припаѓаат во МВР ), Вашите “ стратегии” за унапредување на работата, Вашиот игнорантски и навредлив однос за нашите потреби и барања како вработени во МВР!!!

Заедно со твоите привезоци од МПС ни ги скративте прекувремените, не ни исплативте заслужен бонус за Ковид, не ни го вративте и исплаќате регресот, не ни исплаќате надоместоци подеднакво ( за зголемување на платата да не зборуваме ), нити на крај памет не ви паѓа да ни ги порамните платите со минималната, се уште не гоните со измислени дисциплински, не распоредувате кај што ќе ви текне без некоја оправдана причина ( за ќеиф на некого ), а сега, од само за Вас познати причини, не ангажирате со се што имате и немате?!

Синдикат на полиција во Македонија ги известува своите членови и сите вработени во МВР дека присуството на протест како слободен граѓанин е едно од основните човекови права и слободи, загарантирано со Уставот и законите на Република Македонија.

Доколку било кој од колегите се согласува со нашите ставови и барања кон Министерот и МВР, може и треба да присуствува на овој демократски израз на граѓанска воља и незадоволство.

Притоа напоменуваме – како припадници на МВР да се оградиме од секакво дејание кое е спротивно на законите и како обврска на припадници на МВР, да го направиме сето тоа во согласност со нашите задачи, обврски и начела кои ни ги налагаат законите и правилниците во МВР.

Да бидеме достоинствени граѓани и професионални припадници на МВР🎯❗️

Исто така, СПМ апелира до колегите кои ќе бидат ангажирани во обезбедување на протестот, да постапуваат професионално, да се водат по начелата на полициското работење, кодексот на полициска етика, законите и правилниците на МВР. Да не дозволуваат да бидат „алатка“ за било какви цели освен професионалните!!! Бидејќи не смееме да заборавиме дека прва и основна задача ни е безбедноста и добросостојбата на нашиот граѓанин.

Господине Министер, престанете да не злоупотребувате против сопствените граѓани и крајно време е да почнете да не гледате за она што навистина сме – професионална полиција во сервис на државата и граѓаните!!!

ПРЕСТАНЕТЕ СО ПРИТИСОЦИТЕ, ПРЕСТАНЕТЕ СО ИЗМИСЛЕНИТЕ ДИСЦИПЛИНСКИ, СО МОНТИРАНИТЕ СУСПЕНДИРАЊА❗️❗️❗️

Затоа јавно ќе прашаме, дали денес само на територијата на СВР Скопје се изготвени и веќе се делат повеќе од 60 предлози за дисциплинска постапка и повеќе од 7 решенија за неосновано суспендирање на наши колеги.

Во време кога Полицијата е најмногу потребна, истата од страна на раководни структури е злоупотребувана. ЗАСРАМЕТЕ СЕ❗️

Се дотогаш, СПМ како Синдикат ќе го изразува своето незадоволство на секој можен демократски и уставно загарантиран начин. Можеби протестите и штрајковите се радикален начин на изразување на незадоволство, но очигледно е по ваквите Ваши постапки и настапи дека друг начин НЕМА!

До ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА, кога неправдата станува закон, отпорот станува должност, стои во нивниот пост на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно сака да ги излаже…

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје повторно…

Без договор заврши втората средба меѓу Синдикатот…

Без договор заврши втората средба меѓу Синдикатот…

Со Бела чао и Буџав лебац продолжи…

„Копачите“, „Бела чао“, како и песните на…

Синдикатот на администрација и државна управа бара…

Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ)…

Македонската армија и полиција на протест пред…

Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку…