Ако не сте член на СДСМ, отказ добивате на телефон

t

Известување за прекин на работен однос на телефон и тоа во недела, добила Сања Камчева, наставничка во основно училиште во Општина Демир Капија.
Таа обвинува дека нејзиното место го презела колешка којашто имала помалку освоени бодови на тестирањата, а таа ја изгубила работата само затоа што нема е член на СДСМ.

Ова е нејзината објава на Фејсбук:

„За жал живееме во “држава” во која според потпишаниот работен договор треба писмено да сме известени за прекин во работниот однос, но во недела вработените телефонски се известуваат за прекин на работниот однос. Се вели на исто рамниште сте со колешката што ќе го превземе твоето место иако резултатите од тестот по македонски јазик прикажуваат сосем друго (во прилог фотографија како доказ). Исто така јас како наставничка во тоа одделение веќе неколку месеци работев со тие ученици, а тоа би требало да биде предност во оваа ситуација.

Живееме во “држава” во која личноста нема право сама да избере кога и каде ќе аплицира за работа според завршено образование. Доколку се случи некој да аплицира потоа следи прекин на работниот однос…

Живееме во “држава” предводена од СДСМ и доколку ние не сме нејзини членови телефонски сме известени за нашиот прекин на работното место.

И за крај би рекла живееме во “држава” каде е важна политичката определеност, а ВООПШТО не е важно психичкото здравје на деца од само 10 години поради промената на 3 наставнички во текот на една учебна година (за жал втората промена е поради смрт на првата наставничка, но во третата промена има НАЈГОЛЕМА улога политиката).

Сепак психичката состојба на тие ученици нека им стои на совест на градоначалникот на Општина Демир Капија Лазар Петров – Градоначалник на Општина Демир Капија и на пратеникот Riste Tashev !“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина до САД: Не смеат да се…

Светот гледа дали Кина и САД заедно…

Двајца Срби, членови на бандата Пинк Пантер…

Полициски службеници од грчкиот Оддел за гонење…

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…

Пентагон објасни што прават американските војници во…

САД веќе го започнаа процесот на испраќање…

Апел за помош за малиот Војдан

Апел за помош за малиот Војдан, кој…