„Ако пресуши Преспанско, ќе се загрози и Охридско“: Српски Телеграф со анализа за состојбата

t

Преспанското Езеро во Македонија се смета за едно од најстарите езера во Европа и е дом на повеќе од 2.000 видови риби, птици, цицачи и растенија. Сепак, му се заканува пресушување, предупредува српски „Телеграф“.

– Во последните два до три месеци нивото на водата падна за 36 сантиметри, а во последните денови веројатно уште неколку – вели рибарот Ванчо Василевски за српскиот медиум.

Падот продолжува со децении, па водата е за повеќе од 8 метри пониска од нивото од 1970 година. Во извештајот составен минатата година, НАСА соопшти дека сателитски снимки покажале дека езерото изгубило 7 отсто од својата површина и половина од својот волумен помеѓу 1984 и 2020 година.

Езерото зафаќа околу 260 квадратни километри, површина која е двојно поголема од Париз. Две третини од езерото и припаѓа на Северна Македонија, а остатокот на Грција и Албанија.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) предупреди дека некои видови диви животни во езерото се во опасност од исчезнување поради уништување на нивното живеалиште од штетни земјоделски практики, ерозија, непречистен отпад и отпадни води.

Секое опаѓање на нивото на водата може да го зафати Охридското Езеро кое е на само 10 километри од Преспа, јавува Ројтерс.

Екологистите велат дека немањето дожд, испарувањето и прекумерната употреба на водата за наводнување во сите три земји се главните причини за загубата на вода.

Употребата на пестициди од страна на производителите на овошје доведе до брз раст на биомасата што им се заканува на ендемичните видови.

– Сите (пестициди) одат во подземните води, во езерото и се многу опасни за Преспа – рече Менде Пандевски берејќи сливи крај езерото.

Телеграф.рс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

Јакимовски: Како претседател ќе се залагам за…

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо…

Пожар во угостителски објект во центарот на…

Пожар избувна во централниот дел од Охрид.…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…