Ако продолжи вака македонското правоcудство, не чека бугарско сценарио со 100-тици yбиeни по улиците

t

Александар Митовски во својата анализа во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ го спореди моделот на бугарското правосудство кој во 2000-тите години од нашиот Источен сосед го превзема тогашниот премиер Владо Бучковски.

Тој истакна дека овој модел на правосудство кој се примени во Македонија се покажа како нефункционален и во Бугарија, а заврши дотолку неславно што на крајот правдата наместо во судница се делеше на улица со 100-тици убиства и ликвидации.

-Знаеш како заврши бугарскиот модел на судство на крајот? Бугарскиот модел на судство не ја задоволи правдата и на правдата беше потоа задоволена по улици, се правеа атентани, се убиваа луѓе, се палеа цели семејства. Збориме за 100-тици вакви убиства. Тоа се случи кога Бојко Борисов ја зеде власта и дојда на ред се решаваат тие проблеми внатре во Бугарија. И ако ние мислиме ќе ја протераме годинава, мандатот, вака како што е, па ќе се смируваме после, па ќе крпиме, ќе бараме чаре, еден ден ќе се доведеме во ситуација токму поради политички притисоци врз правосудството да ние повтори бугарското сценарио од пред 10-тина години, вели Митовски.

Тој напоменува дека паметниот учи од туѓите грешки и дека навреме треба да се свестат македонските политичари, обвинители и судии бидејќи инаку се знае во кој правец се движи работата.

-Велат дека паметниот учи од туѓите грешки, треба малку да се свестат политичарите, но повеќе судиите и обвинетелите, да направат една компаративна анализа и да видат кон што води ова што го прават тие, истакна тој.

Митовски воедно напомена дека милиони евра странски пари од најразлични фондови се влеани во македонскиот правосуден систем, но за жал состојбата во правосудството од година во година е се полоша и полоша.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…