Ако продолжи ваквиот тренд на цените парното нема да поскапи од јануари, вели Бислимовски!

t

Марко Бислимовски во гостување во емисијата “Топ тема” на Телма рече дека доколку продолжи ваквиот тренд на цените постои можност парното за скопјани да не поскапи во јануари.

– „Пазарот на природен гас е турбулентен. Ако се направеа набавки преку ЕСМ во јули, цената ќе беше 3000 долари, сега е далеку пониска. Фјучерсите за природниот гас најавуваат дека во вториот квартал од 2023 година, повторно ќе се врати на околу 2000 долари. Имаме одреден тренд на добивање на висока, но разумна цена за природен гас и да бидеме среќни доколку тој тренд продолжи, за да имаме релаксирана ситуација од аспект на притисок на цената за топлинска енергија во град Скопје“, вели Марко Бислимоски.

Според Бислимовски доколку продолжи актуелниот тренд на цените на природниот гас, нема да има ниту промена на цената за топлинска енергија од 1 јануари.

-Трошоците за природен гас се повисоки од трошоците за дизел или мазут. Да не ни се случи тие пари што ќе ги заштедиме, да ни завршат на онкологија, рече Бислимоски во емисијата „Топ тема“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peзил, некои работи не стареат добро –…

Изјавата од ноември Нема да има ценовни…