Активна портокалова фаза: И денес температури над 40 степени!
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
UV=10
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Денес и во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C и до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.
Се препорачува децата, бремените жени и повозрасните лица да не излегуваат надвор во најтоплиот период од 11 фо 18 часот. За сите лица препорсачливо е доколку можете да не се изложувате на директни сончеви зраци, јадете лесна храна и пијте многу вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени сончеви периоди. По…
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…