Активни се 2 пожари, а 27 се изгаснати во изминатото деноноќие
До 7:30 часот утрово на територијата на државата биле регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а 27 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активен останува пожарот меѓу селата Раец и Ќесендре во Општина Кавадарци, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.
Активен е и пожарот во Прилеп, на улицата „Дебарска“, кај месноста Теке, каде што гори депонија, додека останатите три правци на ширење се ставени под контрола.
Во текот на изминатото деноноќие биле изгаснати 27 пожари во повеќе општини низ државата, меѓу кои Бутел, Шуто Оризари, Аеродром, Сарај, Сопиште, Битола, Новаци, Крушево, Василево, Охрид, Кичево, Струга, Македонски Брод, Велес, Росоман, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Брвеница, Јегуновце, Тетово, Теарце и Карбинци.
Од ЦУК апелираат до граѓаните да бидат внимателни и одговорни при движење и престој на отворен простор, со цел да се спречи појава на нови пожари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
ЦУК: Активни два пожари на отворен простор,…
Од вкупно 11 пожари на отворен простор…
Нема активни пожари во Македонија
До 13 часот денеска регистриран е еден…
Регистрирани 26 пожари на отворено, шест сѐ…
Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно…
(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…
Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…