Активности за разубавување на ЗОО Скопје: Заменети патеките од бекатон
Зоолошката градина во Скопје во соработка со ЈП Улици и патишта денеска изврши замена на бекатон патеките во зоолошката.
Воедно се спроведоа активности за разубавување на Зоолошката, се бојадисаа дрвените куќарки и се изврши кастрење на застарените и оштетени гранки на дрвата.

– Тимот на ЗОО Скопје секојдневно интензивно работи на подобрување на благосостојбата на животните, поставување нови реквизити, реновирање на живеалиштата, како и изработка на нови платформи и хранилки.
Покрај овие активности, минатата недела започнавме со освежување и реконструкција на сите огради низ градината , ново хортикултурно уредување и поставување на нови информативни и едукативни табли за посетителите, а ЈП „Улици и Патишта” секојдневно работи на санација на сите пешачки патеки со бекатон.
Зоолошка градина Скопје е најпосетената институција во државата, а со поддршка на Град Скопје секој ден сме поблиску до нашиот сон- што поскоро да бидеме дел од ЕАЗА(Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми) – напишаа од ЗОО Скопје на Фејсбук.


Зоолошката градина имаше рекордна посетеност во изминатите неколку денови, а особено актуелна стана во домашната но и во светската јавност откако почна таканаречениот “бејби-бум”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…