Акциска контрола во Карпош – еве кој ја загадува општината
Акциска контрола на шест правни лица – отпади на подрачјето на Карпош во Скопје извршиле вчера полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).
Како што соопшти МВР, при тоа во рамки на контролата во четири од правните лица, од страна на ДПИ е констатирано дека немале соодветна документација за водење материјална евиденција, а во едно од нив од страна на ДИЖС е констатирано дека не поседувало дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад.
-За констатираните неправилности од полициските службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал ќе биде известен Јавен обвинител, а од страна на инспекторатите ќе бидат изречени соодветни санкции, наведуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…
Разбудени од кома двајцата полицајци што го…
Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…
Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…
Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…