Акциска контрола на подрачјето на Битола, прекршоци за проституција и за пријавување на живеалиште
Констатирани се прекршоци за проституција и за пријавување живеалиште и престојувалиште при вчерашната акциска контрола спроведена на подрачјето на Битола од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, известуваат од Министерството за внатрешни работи.
-На 16.09.2023 во времето од 20.00 до 24.00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола, при што е констатирано дека Н.Џ.(50) од Битола сторила прекршок „оддавање на проституција“ казнив по чл.19 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, а при контрола во два хотели во битолско констатирани се два прекршоци по чл.15 од законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, велат од МВР.
Оттаму информираат дека по документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…
„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…
Нов бран закани за поставени експлозивни направи…
ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…
Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…
ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…
Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…
НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…
Нов бран закани со поставени експлозивни направи…