Акција на криминалистичката полиција, Државниот пазарен инспекторат и УЈП во Битола

t

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола заедно со инспектори од Државниот пазарен испекторат и Управата за јавни приходи, утрово од 02 до 03 часот извршија акциска контрола во ноќен клуб во Битола.

Од секторот за односи со јавност на СВР-Битола соопштија дека акциската контрола е реализирана за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24 часот на подрачјето на Битола.

При контролата легитимирани се 200 лица во угостителски објекти на подрачјето, при што во угостителски објект во Битола затекнато е едно малолетно лице после 24 часот и констатиран прекршок од Законот за оружје, каде при извршен преглед кај Н.М.(25) од Битола пронајден е нож, наведуваат од СВР – Битола.

Во времето од 02.00 до 03.00 часот, криминалистичката полиција во содејство со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, се додава, при извршена акциска контрола во ноќен клуб во Битола изврши прегледи врз 63 лица каде констатира низа неправилности за кои ќе се преземаат дополнителни проверки и поднесоци, потврдија од СВР-Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тешка несреќа во ноќен клуб во…

Четири лица се тешко повредени, а три…

Лукаревска: „Мој ДДВ“ е најуспешен проект не…

Има повеќе процеси кои што сме успеале…

15.548 работници не земале плата за ноември

Ноемвриска плата чекаат 15.548 работници. Податоците заклучно…

Мрежа на нафтени компании сакале да го…

„Сања Лукаревска е член на СДСМ од…

За два месеци бројот на вработени се…

Во последниве месеци се намалува како бројот…