Акција на МВР во Битола: Пронајдени оружје и муниција, едно лице е приведено
На 19.09.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација и заедничка акција со полициски службеници од СВР Битола, ОКП-ОНТД го лишија од слобода С.Ф.(48) од Битола.
Имено, по обезбедени судски наредби од Судија на претходна постапка од Основен суд Битола, извршен е претрес на две локации кај С.Ф., при што биле пронајдени и одземени: еден револвер, пушка „Ремингтон“, три противавионски куршуми различен калибар и 35 куршуми различен калибар за кои тој не поседувал соодветна дозвола.
Исто така, при претресот биле пронајдени и одземени една воздушна пушка, три ловни карабини, еден пиштол „Валтер“ 7.65мм, една малокалибарска пушка, една ловна пушка „Бајкал“ и една ловна пушка „Цифсан“, за кои поседувал дозвола на негово име, како и една ловна пушка „Бреда“ со дозвола на име на неговиот син В.Ф..
Пронајдени и одземени се вкупно 864 куршуми различен калибар, што е незаконски и спротивно на одредбите од Законот за оружје, според кој лицето може да поседува и чува во својот дом само 200 куршуми.
Претрес е извршен и во викенд куќата на С.Ф. во битолско, при што биле пронајдени и одземени дополнителни 85 куршуми различен калибар.
Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Битола за незаконско пронајдената муниција и оружје за кои С.Ф. не поседувал дозвола ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, а за ловното оружје, пиштолот и пронајдената муниција спротивно на одредбите од Законот за оружје, ќе се спроведе управна постапка пред надлежните органи на СВР Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со 2,78 промили алкохол во крвта бил…
На 03.10.2026 во 01:00 часот полициски службеници…
Пронајдени починати двајца мажи во Скопје, еден…
На 02.10.2026 во 05:30 часот во СВР…
Претреси низ Скопје и Тетово, приведени се…
Вкупно 19 луѓе биле приведени во текот…
Возрасни мажи се карале, па едниот го…
На 02.10.2026 во 10:30 часот во ПО…
Битолчанец нападнат од неговата партнерка, го удрила…
На 02.10.2026 во 16:55 часот во ПО…