Акција на МВР: Пронајдена дрога, приведени лица од Грчец и Гевгелија

Двајца уапсени денеска во Скопје поради недозволена трговија со дрога, соопшти МВР.
-Денеска (14.03.2023) во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при скопското СВР ги лишиле од слобода А.О.(23) од с. Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија, информираат од МВР.
При претрес во домот во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага.
-Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка, велат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
„Па нели јас манипулирав за одговорноста на…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Седум полициски службеници осомничени за Тешки дела…
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за…
(Видео) Детали: Новинари на ТВ 21 повикани…
Попладнево во полициска станица во Центар, на…
Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од…
Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство…