Акција на српската полиција: Уапсен маж кој објавувал фотографии од Исламска држава и оружје
Припадниците на Секторот за внатрешни работи, Одредот за високотехнолошки криминал при Управата за технологија и Единицата за безбедност го уапсија Н.Ј. (1988) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и неред, соопшти МВР.
Тој е осомничен дека на својот профил на социјалната мрежа објавил фотографија на која стои со пушка, а зад него виси знамето на „Исламска држава“.
При претрес на станот и просториите што ги користел осомничениот, полицијата на неговиот телефон и лаптоп ја пронашла фотографијата за која било утврдено дека е направена пред неколку години, а ја објавил на својот профил во петокот.
При претресот не е пронајдено оружје, се наведува во соопштението.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.
Акцијата е спроведена во соработка со Специјалното обвинителство за борба против високотехнолошкиот криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…