Акција на ЈП „Водовод и канализација“: Долговите ќе можат да се плажаат на рати без камата до 15 Март

t

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 01.02.2022заклучно до 15.03.2022. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката престанува да важи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, претпријатието на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
02 3240 300,Дирекција
[email protected]
vodovod-skopje.com.mk
wwfacebook.com/jpvodovod.skopje

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…